Категории

Денес во пет града ќе се одржи 55та Критична Маса по ред со тема „Избери точак“

Нашето општество се соочува со неколку проблеми од големи размери кои директно се поврзани со начинот на транспорт низ населените места и третманот кој различните типови транспорт го добиваат од институциите.

15220043_1176104422457368_7482945999940289573_n

Тоа вклучува небезбедност во сообраќајот и жртви, сообраќаен метеж и непријатни јавни простори и здравствени проблем кај населението (проблем со загадување, недостаток од физичка активност, итн.)

Критична Маса по 55 пат ќе се обиде да ја потикне свеста кај граѓаните за овие важни општествени прашања, тие до политичките партии испратиле документ со кој сакаат да направат промена во општеството. 

Од Критична Маса порачуваат дека „Со серија мерки за развој и унапредување на условите за велосипедскиот сообраќај во градовите ќе се привлечат поголем број граѓани да го користат велосипедот како превозно средство. Со тоа значително ќе се помогне во решавање на голем дел од проблемите со кои се соочуваме како општество: ќе се намали загадувањето, ќе се подобри јавното здравје и ќе се решат некои од најголемите градски проблеми поврзани со сообраќајниот метеж. Притоа ќе се заштедат средства од буџетите на општините, како и буџетите на министерствата за здравство, транспорт и животна средина.

Oд првичната анализа која ја направивме на досега објавените партиски програми за парламентарните избори, решавањето на овие проблеми речиси комплетно е изоставено.
Велосипедот, доколку воопшто е спомнат, е речиси исклучиво дел од проектите за спорт, рекреација или туризам.
Крајно време е сериозно да му се пристапи на проблемот и во политиките велосипедот да се третира примарно во категоријата ТРАНСПОРТ.

Веќе 4 и пол години активно ги актуелизираме придобивките од користењето на велосипедот, како и проблемите и решенијата поврзани со велосипедскиот сообраќај.
Затоа се почувствувавме должни да реагираме.
Заедно со другите #НаТочак организации: Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, Гостивар НаТочак, Тетово НаТочак, Штип НаТочак, Струмица НаТочак, подготвивме документ (http://natochak.blogspot.mk/2016/11/blog-post_24.html) кој го испративме до политичките партии со цел да им послужи како основа за дополнување на изборните програми.

vizija-za-makedonija-na-tochak


Сè уште не е доцна да направат измени, а ние предизборно ќе направиме велосипедска анализа на програмите и ќе ја споделиме со јавноста.

Будни сме, ќе следиме! Бираме точак за секој ден, но и бираме со точакот!“

Оваа Критична маса е со #ИзбериТочак и се одржува во 5 града: Битола, Гостивар, Скопје, Прилеп и Струмица. Повеќе може да видите на нивниот фејсбук настан, а скопјани се чекаат на Плоштад Македонија во среда, 30.11.2016 во 17:30 часот и ќе се вози по следнава рута.