Чиста и негувана кожа е резултат на правилна хигиена, но и квалитетна исхрана.
Ферментирана исхрана
Лакто-ферментираната храна е богата со биолошки достапни хранливи материи кои ја хранат кожата однатре. Процесот на лактоферментација го потпомага варењето, така што хранливите состојки се подостапни за кожата и косата. Освен тоа, оваа храна содржи и пробиотици од широк спектар. Вклучете во својата исхрана кисела зелка, кефир.
Темнозелен зеленчук
Мислиме на кељ, брокула и зелка. Овие зеленчуци се богати со сулфур кој помага при детоксикација на кожата.
Храна богата со Омега-3 масни киселини
Добар пример за намирници кои содржат омега – 3 масни киселини се: ленено семе, лосос, сардини и чиа семе, кои делуваат противвоспалително.
Намирници богати со бета каротен и про-витамин А
Овие видови намирници, кои ги вклучуваат морковот и слаткиот компир, допринесуваат до подмладување на кожата и поттикнување на обновувањето на клетките. Авокадото исто така е богато со каротеноиди кои го подобруваат изгледот на кожата.