Категории

Ако сакате да бидете среќни, не женете се за убавица!

Совет од познатата новинарка Ребека Џејн Стоукс која во својот есеј објаснува зошто таа смета дека помалку привлечните девојки се идеални сопруги.

Убавата жена е зло и кобна за брак, ако мажот одбере партнерка само поради надворешната убавина, неговиот брак е осуден на пропаст – вели познатата новинарка Ребека Џејн Стоукс.

Кога бев девојка, бев уверена дека сум убава. Седев со часови пред огледалото во својата облека за во црква и сметав дека сум преубава. Бев апсолутно уверена дека принцот Вилијам во еден миг ќе помине покрај мене и ќе ме запамети по мојата убавина и ќе ја побара мојата рака.
Меѓутоа негде во време кога сфатив дека сум дебела, дојдов до сознание дека сум и грда.
Ве периодот помеѓу 13 и 17 години, бев буцкасто дебело чудовиште. Не се ни чешлав, зошто за тоа би имало потреба? Мојата самодоверба едноставно исчезна.
Денес сум во триесеттите години, и гледам попозитивно на себеси. Меѓутоа никогаш повеќе не можев да се гледам себеси со очи со какви се гледав пред да станам тинејџерка.
Знам дека не сум најубавата личност на светот. Некој кој не е злонамерен може да ме нарече обична, оние злобните – грда, и би биле во право. Мене ми се допаѓа тоа што сум обична, мислам дека и Шарлот Бронте била обична, како и многу глумици на кои им се восхитувам.
Да се биде обичен значи да имаш отворено, интелигентно лице на кое се гледа процесот на мислите кои се случуваат позади него.

Но тоа што сум грда ме научи да бидам подобра девојка, а во тоа и посамоуверена. Кога грдата девојка ќе направи фризура или ќе облече поубави чевли, луѓето претпоставуваат дека вложила многу труд во својата појава. Тоа значи дека ми треба многу малку време за подготовка за излегување. Никој не ме чека. Никогаш не се шегувам дека немам што да облечам. Не ме плашат други жени. Никогаш не стравувам од надуен стомак. Не се срамам пред дечкото да јадам тоа што ми се јади наместо да се држам до салати. Кога сте грди, тоа не значи дека сте помалку секси. Од мене избива некој сексипил, но сум доволно самоуверена да знам дека само изгледот не привлекува внимание кај мажите околу мене. Тоа е вистински сексипил. И знам дека привлекувам само вистински мажи.
Затоа што сум обична и дебела, никогаш не морам да се грижам дека некој маж е со мене поради површни причини. Да сум само дебела, ќе стравувам дека типот можеби има само фетиш кон дебели жени, и дека само поради тоа е со мене. Но бидејќи сум и дебела и грда, знам дека типот кој ми приоѓа навистина м сака мене, целата. И затоа знам дека е тоа вистина, и за возврат сум самоуверена, лојална и полна со доверба.