Категории

Активности кои не треба да ги правите по завршување со вежбањето

Само што имавте одличен и напорен тренинг – добро завршена работа! Но, вежбањето е само мал дел од здравиот начин на живот и вашите напори многу лесно можат да бидат саботирани доколку не го продолжите здравиот начин на живот и по вежбањето. Затоа никогаш не ги правете овие работи по завршувањето на вежбањето:

Не внесувате доволно течности

Поголемиот дел од луѓето се хронично дехидрирани. Треба да пиете вода постојано. Ова е особено важно доколку се потите повеќе! Пијте доволно течности пред, додека вежбате и посебно по вежбањето.

Внесувате премногу калории

Не може да очекувате одлични резултати со погрешен начин на исхрана! Дајте му на вашето тело лесни протеини и јаглени хидрати и малку здрави масти, за да може да влијаат на вашите мускули и да ги надополнуваат изгубените хранливи материи што е можно побргу.

Заборавате да се истегнете

Загревањето и ладењето се дел од вежбањето. Вашите мускули ќе бидат во многу подобра состојба доколку ги третирате правилно и одвоите време за истегнување по вежбањето.

По завршување на тренингот го поминувате остатокот од денот во хоризонтална положба

Само затоа што бевте на тренинг, не значи дека сте слободни до крајот на денот. Движењето нека ви стане секојдневна рутина и начин на живот. Не се возете со лифт – качете се по скали, напуштајте го работното биро на секој час за да се напиете чаша вода, пешачете наместо да седите. Тоа екстра движење во денот е навистина значајно!

 

 

 

Прегледи:
410
Објавено на:
19.07.2017