Сеуште не почнале да бегаат, но голема е веројатноста дека ќе го сторат тоа доколку Доналд Трамп стане нивниот нов претседател на изборите во 2017 година.
Елен како и секогаш се шегува, но преку ова праќа и порака до нејзините сограѓани, да излезат да гласаат, за да не им стане Доналд Трамп претседател.
Имено, на интернет пребарувачите се почесто се поставувало прашањето „Како да се преселам во Канада?“, а тоа според нејзе е заради кандидатурата на Трамп, кој никој не го сфати сериозно, но откако видоа дека навистина има сериозни аспирации да стане претседател и работи напорно на тоа поле, многумина се одважија да проговорат против него.
Овој пат Елен има јавувач од Канада, кој на нивниот план за бегство од САД им порачува да си седат таму кај што се, шегувајќи се „Фини сме, ама не сме до толку фини.“