Ананасот е тропско овошје кое има неверојатен вкус и се вбројува меѓу супернамирниците.
Ананасот од поднебјето од каде што доаѓа се употребува како помош при болести на грлото. Познато е дека свежо цедениот сок од ананас позитивно влијае на воспаленото грло ако со него неколку пати на ден се исперат устата и грлото.
Ананасот изобилува со многу витамин Ц. Тој содржи дури 30% од препорачаната дневна количина.
Внесувањето на витамин Ц позитивно влијае на здравјето на срцето и циркулаторниот систем, а ги намалува и болките во зглобовите причинети од артритис. Делува и превентивно на настанувањето на инфекции на увото, настинските и грипот.
Ананасот ја зголемува енергијата благодарение на витаминот Б1 и минералот манган кои имаат клучна улога во работата на ензимите за произведување на енергија и антиоксидативна заштита на организмот.
Свежиот ананас содржи и ензим наречен бромелаин, кој во организмот ја помага разградбата на белковините, ја подобрува дигестијата и делува против-воспалително.
Ананасот е корисен и во борбата со целулитот и акните.