Категории

Австралиската влада планира да ликвидира 2 милиони мачки, награда од 10 долари за секоја убиена мачка

Владата во Австралија донела шокантна одлука која на многумина ќе им звучи неверојатно, а дел сигурно ќе помислат и дека е измислена. 

Владата во Австралија донела одлука до 2020 година да се ликвидираат 2 милиони мачки.
Оваа сурова одлука е донесена врз основа на направените проценки според кои мачките од 1700 година од кога се увезени од Европа- предизвикале изумирање на 27 автохтони врсти. Проценето е дека во Австралија има помеѓу 2 и 6 милиони мачки кои слободно кружат низ природата. Австралиската влада сака да убие 2 милиони заради тоа што ги нарушуваат животите на автохтоните врсти.
Според нивните зборови, целта е намалување на мачките кои се во природата, не само заради уништувањето на автохтоните врсти туку и затоа што им пречат на фармерите.
Дел од планот е труење на мачките со колбасици, кои освен отров во себе ќе имаат и месо од кенгур, пилешка маст, разни билки и зачини. Колбасиците ќе се фрлаат од авион во пределите кои се населени од овие мачки. Кога ќе ги изедат, смртта ќе настапи за 15 минути.
Освен труење, планираат и стрелање на мачките, а граѓаните ќе бидат наградени со 10 долари за секоја убиена мачка.