Основачите на брендот Marchesa за сезоната есен 2018 осмислија супер колекција која вклучува широка лепеза во која секоја идна невеста ќе ја пронанде својата идеална венчаница.
“Гледавме на поимот трансформација – идеата за тоа дека жената можеби не сака да носи само еден изглед на својата свадба, а и нема доволно време за пресоблекување. Така дојдовме до резултат една тоалета да може да се трансформира од кратка во долга, со вадење и додавање на долниот дел”, изјави Keren Craig од дизајнерската куќа.
Генерално сите модели на венчаници се кроени да остават силен дојам врз присутните, колекцијата вклучува интригатна чипка, везови, и бретели. Модното дуо изјавија дека оваа колекција е наменета за сите невести кои имаат необичен стил и сакаат да изгледаат класично но истовремено забавно и младешки.