Категории

Бела Хадид го запали Канскиот фестивал – Испрати моќна порака со голи гради прекриени со ѓердан во облик на бели дробови

Бела Хадид ја остави без здив публиката на црвениот тепих кога денес се појави на црвениот тепих на Канскиот фестивал во креацијата на модната куќа Скиапарели. „Прекрасно, оригинално, феноменално!“ – гласеа коментарите на модните критичари.

Фустанот е од колекцијата есен/зима на дизајнерот Даниел Розбери, со долги ракави и длабоко деколте кое доколку немаше ѓердан, ќе ги откриеше градите. Но, каква моќна камуфлажа е тоа и која симболика во годината ковид. Имено, наместо градник Бела носеше ѓердан во облик на бели дробови.

Прегледи:
522
Објавено на:
13.07.2021