Категории

Безвременска убавица и силен хуманист – Анџелина Џоли на насловната на 150-тото јубилејно издание на Harper’s Bazaar

За својот јубилеен 150-ти број, магазинот Harper’s Bazaar ја повика кој ако не Анџелина Џоли. За маркатното издание оскаровката ја понесе екипата на луда авантура во Намибија – земјата каде што Џоли ја роди ќерката Шајло која е и првото дете со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Славната убавица позираше во пустината Намиб со три гепарда, кои пред неколку години беа спасени од изумирање а нејзиното семејство го спонзорираше нивното понатамошно одгледување.

“Во 2015 година малечките гепарди беа спасени од изумирање а јас и моето семејство направивме се за да им обезбедиме здрава животна средина во иднина. Денес тие изгледаат одлично”, изјави актерката.

“Гепардите се во изумирање, секој примерок останат на планетата Земја е скапоцен. Тие не се миленичиња, но се прекрасни диви сиштесгва и треба да помогнеме да се зачува нивниот вид. Хуманоста е она што не дефинира и треба да сезалагаме за тоа. Жителите на Намибија имаат една добра поговока која вели дека никогаш не си изгубен доколку можеш да го видиш својот пат на хоризонтот”, додаде Џоли.