Категории

Бидете извор на светлина за некого денес – Можеби тоа ќе е единственото нешто кое ќе го одржи во живот

Дали сте виделе некој што е тажен денес? Осамен и загрижен? Помогнете му. Не размислувајте дали да го правите тоа или не. Можеби вие сте единствениот кој ќе го направи тоа денес. Можеби ти си неговата единствена шанса. Единствената светла точка. Можеби денес ќе помине покрај луѓе кои нема ни да го погледнат. Или до тие што ќе му упатат некој грд збор. Или можеби ќе го погледнат одозгора или од сожалување. Во секој случај, не ја пропуштајте можноста да оставите нешто убаво зад себе.

Можеби денес ќе видите некој кој е во депресија? Преплашен, сомнителен и скршен. Не ја пропуштајте можноста да му кажете барем еден убав збор. Една насмевка не ве чини ништо, а таа му дава многу. И наречете го пријател иако сте го виделе прв пат. Тоа ќе му значи многу. Тогаш најдобро ќе разберете дека и вие можете да направите чудо. Вистинско чудо. Да вратите во живот некој кој се откажал од себе. Помогнете му! Можеби вие сте единствениот кој ќе го направи тоа денес.

Прегледи:
408
Објавено на:
20.12.2021