Категории

Бил Гејтс споделува: Овие нешта нема да ги научите на училиште

Во училиште не не учат како да се подготвиме за реалниот свет во кој владее конкуренција, предизвици, неуспеси, завист..

За човек да биде успешен потребна е голема работа на себеси и првенствено преку образованието, но и снаодливост и способност да стекнеме знаење кое ќе го примениме во животот.

Интересно предавање кое во едно средно училиште го одржа еден од најуспешните луѓе на денешницата. Бил Гејтс, може да му користи на секој ученик како патоказ кон успешната кариера. Еве ги неговите правила за успех.

  • Животот не е фер, навикни се на тоа.
  • Светот не се грижи за твојата самопочит. Светот прифаќа ако постигнеш нешто пред да почнеш да се чувствуваш добро во сопствената кожа.
  • Нема да заработуваш $60.000 годишно штом излезеш од средно училиште. Нема да бидеш потпретседател со службен телефон, се додека тоа не го заработиш.
  • Ако мислиш дека учителот ти е строг, чекај додека не добиеш шеф.
  • Печењето хамбургери не е испод чест. Твоите предци имале друг збор за печење хамбургери – го нарекле прилика.
  • Ако погрешиш, не се криви твоите родители, не кукај над своите грешки, учи од нив.
  • Пред твоето раѓање, твоите родители не биле како сега. Станале такви поради плаќањето на твоите сметки, чистењето на твојата облека, и слушањето како зборуваш дека си кул. Со тоа пред да се обидеш да ја спасиш шумата од паразити, пробај да го исчистиш својот ормар во сопствената соба.
  • Твоето училиште има начин за решавање на победниците и губитниците, животот нема. Во некои училишта се укинати негативните оценки и ти даваат безброј прилики да го дадеш вистинскиот одговор, но тоа нема никаква врска со реалниот живот.
  • Телевизијата не е вистински живот. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафичот и да одат на работа.
  • Биди љубезен спрема бубалиците, големи се шансите еден ден да работиш за нив.