Категории

Бизарен богаташ – Отишол на свадба со 6 бремени жени кои сите носат негово дете

Контраверзниот богаташ и инфлуенсер познат под прекарот Pretty Mike го шокира светот кога на Инстаграм сподели фотографија на која позира со шест трудници, а тврди дека е татко на сите шест бебиња.

Овие девојки му правеа друштво на Мајк на една венчавка во Нигерија, а сите беа облечени во креации од идентичен сребрен материјал, додека тој се определи за екцентрично одело во розова боја.

 

„Ова не е филмски трик, само живееме одличен живот“, напиша инфлуенсерот чие вистинско име е Езе Нвалиј Нвога.

Езе Нвали е доста популарен забавувач во родната Нигерија а ова не е прв пат да крева прашина во јавност. Во 2017 бил уапсен поради тоа што ги одвел своите придружнички на едно случување врзани во ланци и ги шетал како кучиња.

Овој сопственик на ноќен клуб стекна репутација на плејбојот од Нигерија а познат е и по тоа што отворено споделува детали од своите врски на социјалните мрежи.