Категории

Блескава кожата во текот на зимата во само неколку чекори

Превенцијата е најдобриот лек

Во текот на зимскиот период, од особена важност претставува негата на кожата.
И покрај тоа што зимата е магичен период, во текот на оваа сезона кожата особено страда и многу лесно може да стане сува и без сјај. Ние ви споделуваме неколку одлични совети како да го одржите беспрекорниот блескав тен и кога температурите се под нулата.

Пред да почнете со нансесување на шминка, морате добро да ја подготвите вашата кожа и особено да се фокусирате на нејзината хидратација. Тенот кој е сув, се перути и делува безживотно, нема да изгледа убаво нити со шминка, и затоа ви предлагаме во зимскиот арсенал да додадете добра хидратантна крема која ќе биде ваша прва борбена линија за одбрана од студот.

Немојте да заборавите и на телото, и нему му е потребна длабинска хидратанција. Наоружајте се со хидратантна крема за тело, масло кое ќе ја негува вашата кожа и ќе го спречи исушувањето. За зимската нега ви предлагаме едноставна и ефикасна метода:
Веднаш подле туширањето, на благо влажна кожа нанесете масло за тело, а потоа откако ќе се уие, намачкајте богат слој путер или лосион за тело. Блескавата кожа е загарантирана.

Кога е во прашање шминката, тешките мат пудри заменете ги со лесни и прозрачни формули со dewy блескав ефект. Ваквите пудри се стопуваат со тенот, пријатни се на кожата и претставуваат уште еден слој заштита на кожата од ниските температури.

Прегледи:
436
Објавено на:
19.12.2019