Категории

БЛИЗНАЦИ – СРЕЌЕН ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2022 ГОДИНА

Годишна прогноза за работа, семејство, љубов, пари и здравје.

2022. година за вас Близнаците ќе биде многу турбулентна. Ќе доживеете сѐ, од солзи до радост, но едно е сигурно – нема да ви биде здодевно.

Со работата и здравјето нема да имате проблеми, но ќе наидете на бројни препреки кога станува збор за љубовта, а за тоа е главен виновник положбата на Марс. Најголемите турбуленции ќе ги почувствувате во текот на јануари, но ситуацијата ќе се стабилизира во текот на април. Друштвениот живот ќе ви биде прилично бурен. Ќе запознавате нови луѓе, а можеби меѓу нив е и вашата сродна душа.

Љубов

Како што рековме, оваа година ќе биде полна со компликации и турбуленции. Слободните претставници на овој знак ќе запознаат многу луѓе кои на прв поглед ќе им изгледаат интересни, но набргу ќе сфатат дека само си го трошат времето. Ќе следат многу разочарувања, но крајот на годината носи поповолни можности.

Зафатените Близнаци ќе имаат проблем во комуникацијата со партнерот. Ве очекуваат кавги и поради најмали ситници, а доколку успеете да останете смирени, раскинување на врската е неизбежно.

Работа

Од друга страна, на деловно поле сѐ ќе ви оди од рака. Ќе постигнете голем успех, но исто така ќе морате да се помачите. Само доколку вложите напор и труд резултатите ќе дојдат сами по себе.

Пари
Доколку вложите напор тоа ќе се одрази и на вашата финансиска состојба. Сѐ зависи од вас. Ѕвездите се наклонети, а на вас останува да ја искористите паметно оваа прилика. Право време е да покажете колку сте упорни.

Семејство

Повеќе време ќе му посветите на семејството, тоа ќе ви биде приоритет. Позитивна енергија ќе кружи и ќе имате чувство дека никогаш не сте се сложувале подобро. Идејата за семеен бизнис исто така е добра, велат астролозите.

Здравје

Годишниот хороскоп предвидува дека оваа година ќе биде сосема солидна. Нема да имате поголеми проблеми, но се препорачува да го контролирате холестеролот и срцето.

Прегледи:
1057
Објавено на:
15.12.2021