БОГ СЕ ЈАВИ
ИСУС СЕ ЈАВИ, ЉУБОВТА СЕ ЈАВИ, РАДОСТА СЕ ЈАВИ
ОТЕЦОТ СЕ ЈАВИ, СИНОТ СЕ ЈАВИ, СВЕТИОТ ДУХ СЕ ЈАВИ
СВЕТА ТРОИЦА СЕ ЈАВИ
ЦРКВАТА ХРИСТОВА СЕ ЈАВИ
БЛАГОДАТТА НИ СЕ ЈАВИ
ЛИТУРГИЈАТА НИ СЕ ЈАВИ
СПАСЕНИЕТО ОД НЕБЕСАТА НИ СЕ ЈАВИ
ВОСКРЕСЕНИЕТО НИ СЕ ЈАВИ
СИТЕ СВЕТИИ СЕ ЈАВИЈА И СИТЕ АНГЕЛИ СЕ ЈАВИА
СИТЕ СИЛИ НА НЕБОТО И НА ЗЕМЈАТА НИ СЕ ЈАВИЈА
ЗАРАДИ НАШЕТО СПАСЕНИЕ
Бог толку ја прослави својата црква, Бог толку ги прослави своите деца на земјата, и ангелите на небесата, што целата власт им ја предаде во нивни раце, да судат, да помагаат, да спасуваат.
29. и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство,
30. за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена.”
Бог толку ги засака своите, и сега често се случува Тој самиот да не одговара на молитва, но им даде власт на сите Свои светии да ги слушаат нашите молитви и да ги исполнуваат.
Колку е голема оваа љубов, колку е страшна оваа небесна тајна ?
Замисли некој да го посвети целиот свој живот за тебе, дури да го даде својот живот, да се откаже од сите свои желби од сите убавини на светот, заради љубовта кон Бог, кон светот, кон сите нас кои сега живееме слободни. Некои заради нас цел живот постеа, се молеа и пострадаа. Сега тие толку ги возљуби Бог, тие се тело Христово, тие се на небесата судии и престоли и власти. Тие се светлина од светлина, ѕвезди на небесата, сјајни, посветли од сонцето.
Бог по молитвите на сите овие чудесни луѓе, со чудесна љубов во срцето, со чудесни дела, да не просветли, да не води, и да не спаси, да ни даде Светлина, во овие темни, тешки и немили времиња на земјата.
Господи помилуј
Бог се јави