Категории

Болест на модерното време: 5 стереотипи за депресијата!

Како навистина се чувствуваат луѓето кои патат од депресија? А кои уверувања се само мит?

Депресијата е тага

Постојаната тага е само еден симптом при депресија. Освен чувство на депресија, личностите со ментални пореметувања можат да искусат и други емоции (вклучувајќи и радост) или нивното отсуство. Личноста која ни изгледа позитивна можеби веќе долго време пати од депресија, а нејзината насмевка е само обид да се потисне внатрешното чувство.

Депресијата е измислена болест
Најголемата заблуда за депресијата е идејата дека едноставно можете да се извлечете од неа. Многумина од нас веруваат дека сите проблеми се само во нашата глава и дека лесно може да се отфрлат ако личноста размислува за нешто добро или стане од креветот и оди во теретана. Секако, вежбањето може да помогне, но не долго. Депресијата е болест, хемиска рамнотежа која е надвор од контрола.

Депресија – последица на стресни ситуации

Честопати ни се чини дека депресијата се јавува само кога ќе се случи нешто лошо. Може да се случи во текот на соочувањето со тага или стресна ситуација, но не е нужно. Според зборовите на докторите, депресијата може да биде генетска болест која ги вклучува хемиските неуротрансмитери во мозокот. Тоа значи дека депресивните епизоди често можат да се појавуваат без никаква причина. Времето е најдобар лек. Ако мислите дека некоја блиска личност пати од депресија, обидете се да и помогнете, изолацијата не е најдобар начин за борба против оваа болест. Понудете ја својата помош или помош од психолог.

Депресијата е иста за сите

Секој од нас пати од депресија на различни начини: некој постојано сака да спие, други патат од несоница. Некои се изолираат од своите сакани и се повлекуваат во себе, други се однесуваат непријателски дури и агресивно. Сите емоции и чувства во периодот на депресија се многу различни.

Антидепресиви за отстранување на депресијата

Лековите можат секако да помогнат во ублажувањето на симптомите, но тие не ја подобруваат моменталната состојба. Хроничните болести бараат хронично лекување.

Прегледи:
498
Објавено на:
30.07.2019