Без оглед на тоа дали личноста била вистинска за тебе или погрешна, секогаш ќе боли кога ќе се разделите. Ќе биде тажно, болно и ќе биде застрашувачко. Ќе има ноќи кога нема да можеш да дишеш од тежината на твоето срце, како да го носиш сиот товар на светот, а спомените само уште повеќе ќе го отежнуваат сето тоа.
Понекогаш ќе посакаш да вратиш се назад и ќе размислуваш дали сето тоа може да се поправи, дали сепак постои барем едно зрно светлина, едно зрно надеж кое би можело да наговести дека следниот пат ќе биде подобро, дека ќе биде поубаво. Но не заборавај, недостигањето е нормално, и тоа не значи дека треба да се вратиш назад кај таа личност.
Но недостигањето, болката и копнежот се само дел од заздравувањето. Да ги имаш тие чувства не значи деа правиш грешка што им дозволуваш да се вгнездат во твоето срце. Тоа не значи дека таа личност ти е потребна за да бидеш среќен.
Без оглед на тоа дали личноста била вистинска или погрешна, ќе боли. Но запомни, вие сте се разделиле поради некоја причина. И запомни дека полека заздравуваш. Немој да гледаш назад, затоа што секогаш боли малку повеќе пред да престанеш да чувствуваш ништо.