Категории

Божиќен и здрав Polleo Sport колач

Овој фит колач е едноставен, брз и неверојатно вкусен. Со оглед дека секое готвење е со цел, овoj рецепт e за оние кои внимаваат на својата линија, токму заради нутритивните вредности.

Состојки:

60 gr Whey протеин

100 gr Овесни снегулки или брашно

1 лажичка кокосово масло

1 dcl кокосово млеко

200 gr јогурт со ниска масленост

2+1 јајца

500 gr посно сирење

300 gr шумско овошје (одмрзнато)

Пола кесичка прелив за торти (или желатин)

Пола лажичка прашок за пециво

Сируп од чоколадо или стевиа

Малку сол

ПОДГОТОВКА:

ПОДЛОГА

Го ставаме овесот во брашното и го мешаме со едно разматено јајце. Потоа додаваме 1 лажица кокосово масло, кокосово млеко, прашок за пециво, малку Сируп од чоколадо или стевиа и малку вода ако е потребно и мешаме додека оваа смеса не се соедини. Префрлете ја мешавината во садот за печење на хартија за печење и печете во рерна 15 до 20 минути на 180 степени додека не се стврдне и не се одделат рабовите.

КРЕМ Јогурт, 2 јајца, сирење, протеин и малку Сируп од чоколадо или стевиа се мешаат со миксер додека не се обединат сите состојки. Готовиот крем го размачкуваме на бисквитот, и го ставаме во рерна на 170 степени 25-30 мин.

Отстранете ја тортата од рерната и оставете ја да се олади, а потоа додајте ги шумските плодови.

Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ.

Исечете ја на 10 еднакви коцки. Препорачани се две коцки на еден оброк.

Нутритивна вредност на цела торта:

Протеини: 153 гр

Масти: 70 гр

Јаглехидрати: 122 g

Нутритивна вредност на 1 коцка:

Протеини: 15,3 g

Масти: 7 g

Јаглехидрати: 12,2 g

Прегледи:
808
Објавено на:
24.12.2018