Психолозите набљудувале парови во период од 13 години, а секој пар е тестиран 3 пати на секои 5, 6 години. Истражувањето е спроведено со снимање на приватни разговори на темите на кои партнерите се сложуваат, а факторите на проценка се потсвесни – боја на глас, лицето на личноста, изборот на зборови и слично. Според резултатите, првите неколку години во брак се најтешки бидејќи се исполнети со прилагодувања и очекувања.
Во браковите кои траат подолги години преовладува хумор, шеги и луди заеднички навики. Освен тоа, критиката е насочена кон партнерот, а сопружниците почнуваат да живеат како едно. Со овие докази научниците ги поништиле резултатите од претходната теорија, според која позитивните емоции се намалуваат со тек на време и останува само навиката.
Научниците покажале дека многу аспекти во бракот напредувале со годините, но најголем напредок е покажан во хуморот, ентузијазмот, взаемното почитување и слушање. Освен тоа, токсичните коментари и пасивната агресија значајно се намалиле – мажите стануваат помалку лути и жените помалку воздржани.
Меѓутоа, ова истражување не го срушило митот за „зрела љубов“. Се покажало дека постарите парови ретко изразуваат љубов вербално за разлика од младите. Нивната љубов еволуира од страст во партнерство, така што воопшто не ја губи својата длабочина, но секогаш е поинаква.