Категории

Бриџит Макрон(64) ги руши сите предрасуди: Омилените тесни фармерки на Првата дама на Франција

Првата дама на Франција, Бриџит Макрон, секогаш ги надгледува подготовките за доаѓањето на важни гости во Елисејската Палата.

Така, и овој пат беше се подготвено за доаѓањето на кралот на Мароко, кој вчера се сретна со нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон.

На свечености и состаноци може да ја видиме во многу елегантна облека, а во пресрет на ваквите настани секогаш го преферира лежерниот стил. Сепак, дури и во тие моменти, останува верна на себе си.

Во пресрет на доаѓањето на кралот се дружеше со вработените во Елисејската палата, облечена во тесни фармерки, шарен џемпер и црни чизми до глужд.

Додека некои критичари сметаат дека воопшто не и доликуваат и вавите фармерки се наменети за помладите девојки, фановите на нејзиниот стил ја фалат токму поради тоа што ги руши сите предрасуди за тоа што треба или не треба да се носи во одредени години.

Неизбежно е да се забележи дека оваа нејзина комбинација во која изгледа фантастично, евистински доказ дека тесните фармерки навистина се за секоја жена, без оглед на возраста, се додека таа се чувствува удобно во нив.

Прегледи:
419
Објавено на:
12.04.2018