Категории

Британската полиција уапсила 93-годишна жена по нејзина желба

Полицијата во Британија ја уапсила 93-годишната Џоси Брд и на тој начин ја исполнила нејзината „животна желба“.

Британските полицајци ја уапсиле 93 годишната Џоси Брд и на тој начин ја исполниле нејзината „животна желба“, со оглед на тоа што таа никогаш не била „од другата страна на законот“, соопштила нејзината внука Пем Смит.
Таа на Твитер напишала дека Џоси во последно време не е во добра здравствена состојба и сакала да биде „уапсена“ пред да биде предоцна.
Џоси тврдела дека целиот живот се однесувала примерно и сакала да дознае какво е чувството да се биде приведен.


Полициските службеници и ставиле лисици на Џоси и ја привеле, но наместо во затворска ќелија, ја почастиле со чај и колачи во полициската станица.
Пем изјавила дека желбата на Џоси да биде уапсена произлегла од љубовта кон полициските драми кои ги гледала на телевизија.
Џоси потврдила дека двајца полицајци ја привеле заради грабеж на продавница.
Главниот инспектор на полицијата изјавил дека полицајците имале прилика да и ја исполнат желбата на старата дама и да и приредат ден за паметење.
„Мило ни е што сме заслужни за насмевката на една стара дама и што избришавме една ставка од нејзиниот список“- изјавиле тие.

Прегледи:
537
Објавено на:
27.06.2019