Категории

Британскиот министер Борис Џонсон заразен од коронавирусот го напушти одделението за интензивна нега

Во соопштението се наведува дека Џонсон вечерва е префрлен од интензивна нега на обично одделение во лондонската болница Сент Томас, каде неговата состојба ќе биде следена во текто на првата фаза на закрепнувањето.

Британскиот премиер Борис Џонсон, заразен од коронавирусот, излезе од одделението на интензивна нега, соопшти вечерва неговиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека Џонсон вечерва е префрлен од интензивна нега на обично одделение во лондонската болница Сент Томас, каде неговата состојба ќе биде редовно следена во текот на првата фаза на закрепнувањето.

Борис Џонсон (55) помина три дена на одделението за интензивна нега, каде беше префрлен во понеделникот вечерта после влошувањето на симптомите на вирусот Covid-19.

Во болницата беше сместен еден ден порано, откако после 10 дена беше тестиран позитивен на вирусот.

Заразата со вирусот во Велика Британија е потврдена кај 65,077 луѓе, од кои починаа 7,978.

Прегледи:
424
Објавено на:
10.04.2020