Категории

Брук Шилдс позира во бикини – „Жените во 50-тите не се за фрлање“

55-годишанта актерка и модел, Брук Шилдс неретко на социјалните мрежи објавува заводливи фотографии во костим за капење. Обожавателите и делат комплименти и ја фалат како изгледа одлично за своите години.

Од друга страна, актерката открива дека и била потребна огромна храброст и самодоверба да го покаже своето тело во бикини откако ја премина 50-тата година од животот.

„Ги носев оние големи костими за капење кои имаат многу материјал. Ќерките ми рекоа дека тоа е смешно. Тоа беше некако како да се видов во нивните очи и да ги славев нештата како мојот задник. Нешта на кои никогаш не би се фокусирала во животот. Имам 55 и велам: Чекај малку, жените во педесеттите сеуште не се за фрлање!“ – изјави Брук за магазинот People.

„Ако сте во тие години, особено ако сте актерка, тоа е како да сте ја имале својата кариера па сега можете да се опуштите, но јас тукушто започнувам“ – додаде актерката.

Таа изјави дека во текот на своето растење не размислувала за своето тело и дека речиси не ни знаела дека постои. Во текот на манекенската кариера таа красеше бројни насловници на кои и беше важно лицето да и е совршено додека телото секогаш и било во втор план. Но сега таа вели дека ја засака својата фигура и не се срами да ја покаже на социјалните мрежи.

„Никогаш не бев слаба. Секогаш бев спортски тип, што значи дека не се вклопував во стандардните величини. Моите ќерки велат дека сум заоблена. Ги гледам како тоа го слават и учам од нив“ – вели Брук.

Брук напорно работи на својата фигура.

„Ова лето секој ден вежбав. Некако ја заработив својата самодоверба. Но при позирањето и понатаму внимавам на вистинскиот агол и осветлувањето“ – открива актерката.

Прегледи:
767
Објавено на:
31.10.2020