Лазањи на малку поинаков начин, но не помалку вкусни. Меленото месо заменете го со пилешко, додадете спанаќ и уживајте во прекрасниот вкус на ова јадење.
Состојки:
- 1 пакување тестенини за лазањи
- 3 шолји кисела павлака (20%)
- 300 мл супа (пилешка или билна, по избор)
- 1 шолја пармезан (рендан)
- 30 гр. путер
- 1 лажичка маслиново масло
- половина главичка кромид
- 4 чешниња лук (исецкан на коцки)
- 5 парчиња печурки (сецкани)
- 1 парче пилешки гради (исечкани на коцки)
- сол (во вкус)
- црн бибер (мелен, по вкус)
- 4 шолји сирење
- 100 гр. спанаќ
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Тестенините за лазањи згответе ги според упатството. Во загреано тенџере ставете ја супата, киселата павлака, пармезанот и путерот. Гответе на средна температура додека не се соедини.
Во загреано тавче додадете маслиново масло и кромид. Додадете го и лукот и сечканите пилешки гради. По неколку минути додадете ги и печурките. По неколку минути посолете и побиберете и тргнете го тавчето од оган.
Тепсијата со димензии (22 x 33 цм од прилика) премачкајте ја со маслиново масло. Редете по следниов редослед: тестенини, ситно бело сирење, мешавината од тавчето (пилешко и печурки), мешавината од тенџерето (павлака, пармезан), спанаќ. Редете се додека имате состојки. На крај поросете ја со сирење.
Печете во рерна околу 1 час или додека на површината не добие златно – кафена боја. Послужете го топло, а одозгора просипете пармезан или сирење по желба и вкус. Добар апетит!