Категории

Чај кој спречува косата да се мрси: Направете природно средство за чиста и бујна коса

Ставете го ова растение во вода, па нанесете ја течноста на вашата коса! Супер средство кое спречува косата да брзо да се мрси …

Ако имате мрсна коса, тогаш знаете дека честото миење може само да ја влоши состојбата.

Затоа, за да го избалансирате прекумерното лачење на лојните жлезди, прибегнете кон природни средства.

 

По секое миење во косата, темелно измасирајте (1 – 2 литри, во зависност од должината на косата) концентриран чај направен од една од следниве билки:

  • ловоров лист
  • невен
  • камилица
  • лаванда
  • коприва
  • нане
  • рузмарин

 

Откако ќе ја натопите косата, исцедете го остатокот од течноста, а потоа завиткајте ја косата во крпа и оставете ја да делува околу 20 минути, а потоа исплакнете ја косата.

Прегледи:
486
Објавено на:
27.10.2019