Категории

Чај од магарешки трн – Корисен за здравјето на начини на кои не можете ни да замислите

Оваа билка е неверојатно лековита, особено за црниот дроб. Доколку сакате да го прочистите организмот од токсини чајот од магарешки трн е идеално решение. А исто така помага и при регулирање на нивото на шеќерот во крвта.

Со редовна употреба на овој чај можно е да излечите масен црн дроб ако и оштетувања кои настанале како последица од алкохолизам, труење, лекови и хепатитис.

„Гујина трева“ – или Магарешки трн го регулира дејството на алкохолот, пестицидите и тешките метали во храната како и штетните гасови. Оваа билка исто така е корисна и за ендокриниот систем на органи. Го стимулира производството на ензими и го прочистува каридоваскуларниот систем. Ја регулира функцијата на жолчната кеса, бубрезите и слезината.

Погоден е и за дијабетичари затоа што го регулира нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа помага и кај оние кои страдаат од проблемис со варењето, хипертензија, висок холестерол, анксиозност и дебелеење.
Доволно е да пиете по една шолја од овој чај дневно и резултатите ќе бидат видливи.

Како се подготвува овој чај:
Можете да користите семе или готов екстракт. Доколку користите екстракт, доволно е да ставите неколку капки во топла вода и да ја испиете.

Доколку користите семе, потребно е претходно да го измелите и после тоа да го додадете во вода која врие. Оставете да одстои 15 минути и после тоа исцедете и испијте.

Прегледи:
4643
Објавено на:
30.09.2020