Категории

Чили пиперки – Храна за долг живот и подобро здравје

Оние кои конзумираат чили пиперки можат да живеат подолго и можат да имаат значително помал ризик од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести или рак, заклучуваат истражувањата кои ги претстави Америчкото здружение за срце.

Поранешните истражувања покажале дека чили, плодот од различни тропски видови пиперка но и некои европски, како храна можат да делуваат противвоспалително, антиоксидативно, против развој на рак како и поволно на регулирањето на нивото на холестерол и триглицериди во крвта.

Клучната состојка на чили пиперките која доведува до тоа е капсаицин, кој му дава специфичен лук вкус а може да се пронајде и во некои сродни билки.

Истражувачите приситгнаа до овој податок статистички анализирајќи дури 4,729 поранешни истражувања низ кои пронашле здравствени извештаи на повеќе од 570,000 луше од Кина, САД, Италија и Иран.

Досието на тие луѓе содржело податоци околу исхраната и склоноста кон лути пиперки односно околу тоа дека можеби никогаш и не ги јадат.

После тоа се испоставило дека оние кои редовно конзумирале лути пиперки во однос на оние кои јаделе ретко или никогаш, во 26% од случаите поретко умираат од кардиоваскуларни болести, 23% поретко умираат од рак и 25% генерално се помалку склони кон умирање од болест.

Прегледи:
1171
Објавено на:
20.11.2020