Категории

Читањето е половина здравје: Причини поради кои е добро да читате книги

Не списанија, не книги во електронски формат, туку токму – КНИГИ!

Читањето е многу повеќе од начин да го скратите времето. Ако секој ден одвоите малку време за читање книга, и тоа вистинска штампана книга, со корици и сето тоа, ќе направите многу за вашето ментално и физичко здравје.

Го намалува стресот
Еден од наједноставните начини да се ослободите од стресот после напорниот ден е да земете нешто да читате. Половина час читање има ист ефект како и половина час јога, покажуваат истражувањата.

Читањето ја поттикнува интелигенцијата
Читањето е генерално добро, но е уште подобро ако го правите уште од мали нозе. Ако рано сте научиле да читате, имате пошироко знаење и побогат вокабулар, и секогаш сте чекор пред оние кои почнале да читаат подоцна, покажуваат истражувањата.
Учете ги децата да почнат со читање на време, тоа е најдобриот поклон кој можете да им го дадете.

Ја зајакнува емпатијата
Читањето ве прави подобра личност. Една студија од 2013 година, покажа дека луѓето кои редовно читаат подобро и поточно ги тумачат чувстввата на другите луѓе. Овој ефект веројатно има врска со големите книжевни дела кои се напишани така што читателот го вовлекуваат во еден сосема нов свет во кој ќе ги преживува животите и чувствата на литературните јунаци.

Ги ублажува симптомите на депресија
Иако читањето не е лек, тоа е делотворно и може да ја намали потребата за антидепресиви. Многу пациенти кои патат од блага до умерена депресија, читањето значително им помогнало и после некое време почувствувале дека им е подобро.

Прегледи:
584
Објавено на:
29.10.2019