Категории

Чоколаден шејк со банана и чиа за енергија

Како до екстра енергија спакувана во една чаша? Со банана, чиа, какао, спанаќ. 

Чиа семето е богато со омега 3 масни киселини, протеини и растителни влакна, калциум, фосфор и манган, состојки кои полека согоруваат, но му даваат енергија на организмот.

Спанаќот е богат со антиоксиданти и витамин Ц, што му помага на телото брзо да закрепне после физички или емоционален стрес, а воедно го помага регулирањето на адреналинот. Во секој случај, напорнио ден ќе ви биде полесен со малку спанаќ.

Какаото е исто така добар извор на антиоксиданти, што го прави овој шејк идеален за екстра енергија. Какаото содржи тхеобромин, стимулант сличен на кофеинот.

 

Потребни состојки:

  • замрзнати банани
  • 1 шака спанаќ
  • 2 супени лажици киснати чиа семки
  • 1 супена лажица какао 
  • 400 ml растително мллеко
  • 1 лажица ванила
  • прстофат морска сол
  • мед по вкус 

Начин на подготовка

Чиата се става да отстои во вода, 100 грама чиа семе се потпува во 400 милилитри вода, пак сок или млеко најмалку 20 минути. Чиата добива друга структура, гелна, која можете да ја чувате во фрижидер до една недела.

Сите состојки се ставаат во блендер и се меша. Добивате вкусен чоколаден сладолед, кој ќе ви ги задоволи слатките потреби.

 

 

Прегледи:
909
Објавено на:
19.05.2017