Категории

Чудни знаци кои укажуваат на депресија

Депресијата е состјба во која голем дел од луѓето се наоѓаат во некој период од својот живот. Сѐ почесто сме сведоци на жртви од оваа состојба, која иако понекогаш изгледа наивно може да доведе до кобни резултати. Овие знаци ќе ви помогнат да процените дали се наоѓате во депресивна состојба или пак, познавате некој околу вас кој се бори со депресија.

1. Преголемо внесување на храна

Истражувањата покажуваат дека многу млади луѓе кои патат од депресија обично добиваат повеќе во тежина и патат од гојазност. Лекувањето на депресија доведува и до намалување на дебелината.

2. Склоност кон крадење

Околу една третина од луѓето кои крадат страдаат од депресија. Луѓето кои се чувствуваат беспомошно и безначајно се посегнуваат кон крадењето кое им овозможува чувство на моќ и значајност. Возбуда во текот на кражба им помага да ги поттиснат своите депресивни чувства. Иако ова е краткотрајно, на депресивните крадци чувството на адреналин и акција им е поважно од предметот кој го украле.

3. Проблем со коцкање

Коцкањето ја зголемува возбудата. Многу зависници од коцкање се изјаснуваат дека биле депресивни пред да започнат со тој порок, а им се допаднала возбудата која ја почувствувале во текот на играњето.

4. Прекумерно сурфање на интернет

Склоноста кон користење на социјалните мрежи, а запоставувањето на контактите со луѓето и реалниот свет може да биде знак за депресија. Истражувањата ја потврдиле врската помеѓу депресија и прекумерното сурфање на интернет.