Категории

Дај си пауза на себеси тогаш кога светот ќе почне да те гуши

Никогаш не заборавај дека секогаш имаш нова шанса, а најважна е онаа која си ја даваш на себеси!

Кога ќе почувствуваш дека не можеш повеќе, само застани, длабоко воздивни и земи пауза. Се еднаш ќе дојде за да си го земе својот данок. Сите избори кои си ги направил, само земи ја таа пауза и се додека не поченеш повторно да дишеш. Ослободи се од нештата кои те влечат надолу и колку да е тоа невозможно и тешко, направи го конечниот избор и стави крај.

Земи пауза за себе и за сопствените мисли. За себе самиот и сета живописна природа која во тебе почнува да венее, земи ја таа пауза за повторно да го оживееш зеленилото. Само ти си одговорен за него и само ти можеш да си помогнеш на себеси.

Понекогаш е потребна пауза од луѓето, оние кои премногу ти се доближиле и сега ја користат таа близина како можност да добијат нешто од тебе. Одвои се од светот, изолирај се од луѓето, само на тој начин ќе можеш да станеш исполнет и среќен. Само на тој начин ќе можеш да го ослободиш својот дух и да тргнеш во нов почеток.
Никогаш не заборавај дека секогаш имаш нова шанса, а најважна е онаа која си ја даваш на себеси!

Прегледи:
530
Објавено на:
20.03.2020