Категории

Дали кокосовото масло е здраво?

Маслото од кокос последниве години се наметна како универзален лек и средство што се најде во служба на здравјето, убавината, негата и исхраната, но научниците сега велат дека кокосовото масло не е ништо подобро од другите масла. Дури и дека можеби е полошо.

Американското здружение за борба против болестите на срцето објави нови препораки за исхрана, а кокосовото масло не се најде на листата на пожелни намирници.

Според една студија спроведена неодамна, маслото од кокос содржи околу 82 проценти заситени масти, многу повеќе од другите масла, што го прави потенцијано опасно за артериите и срцето.

Научниците советуваат да го избегнувате внесувањето на кокосовото масло во исхраната и да внесувате незаситени масти и интегрални житарици.

Сепак, можете и понатаму без последици да го користите за нега на кожата и косата, или за избелување на забите.

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
372
Објавено на:
11.07.2017