Категории

Дали мислите дека годините ви поминуваат со неверојатна брзина: Ова е тајната како да го успорите времето

Ви се чини дека годините поминуваат многу бргу и дека останале само спомени од некои поубави и побезгрижни денови, но има една тајна техника како да го успорите времето и како секој ден да ви биде исполнет!

После 30 години, животот се чини дека се забрзано тече. Обврските на работа и дома се менуваат со таква брзина што веќе пристигнала нова работна недела, а не знаеме кога завршила минатата, веќе ја очекуваме новата година, а не знаеме ниту како поминала претходната. Со неверување го прифаќаме фактот дека во новиот милениум влеговме пред многу години, дека децата родени вчера денес се венчаваат и имаат свое потомство. Зошто животот минува побрзо додека старееме?

 

Краткиот одговор би бил – животот ни е здодевен. После 30-годишна возраст, има помалку и помалку важни настани што го „забавуваат времето“. Првиот бакнеж, првиот одмор без родителите, првата работа, првата сериозна врска, сето ова веќе се случило и во одреден момент почнува да се повторува. Кога нешто прв пат се случува, се формираат трајни спомени. Научниците велат дека спомените од помлада возраст се исто така посилни заради чувството за идентитет што се формира до 30-годишна возраст. Ефектот на нови работи, исто така, објаснува што се случува со нас за време на летувањето кога првите два дена ќе се „раздолжат“ и ни се чини дека остатокот ќе трае вечно, а потоа остатокот „пролетува“.

 

 

Единствениот начин на кој можеме да го „забавиме“ времето е да имаме повеќе нови искуства и настани во животот. На пример, треба да го менуваме местото на летување, затоа што ако одиме на исто место секоја година, не создаваме нови спомени, па ни се чини дека времето лета. Истото важи и за она што го правиме во текот на неделата, ако нашите животи се сведат на рутина, ќе имаме впечаток дека деновите и неделите се исти.

Прегледи:
545
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
16.12.2019