Категории

Дали некогаш Македонија ќе биде Македонија?

Многу е мало Скопје, се се знае! Се знае кој е опинок, кој бил, што бил, што си мисли дека е сега и што никогаш нема да биде. Никогаш не коментирам на вакви теми, но многу ми е жал што трета лига сме и во некои спортови, но и во политиката. Вистинските спортисти ни избегаа, вистинските луѓе кои заслужуваат да се на позиција или си тераат свои приватни бизниси или веќе се негде надвор од нашата ни Македонија.

Ние останатите кои не се занимаваме со политика, шо сакаме да си тераме нормален живот, сведоци сме на најголемото светско чудо, кое се случува само во Македонија.

Има-нема избори, вие вака-ние така, ние сме појаки-вас не ве бива и уште многу други слични небулози. Најсмешни се сите оние кои се партиски определени и цело време на својот фејсбук постираат што ќе им кажат, а вооедно добиваат и лајкови од останатите сопартијци и си мислат дека постигнале многу во животот, едноставно не се трпат, а или чекаат ред за запослување, или работат некаде за 200 евра плата. Амбициозност колку сакаш, помалку од ич, живеат у некоја заблуда, демек најаки сме, а кога ќе видиш поголемиот дел опинци невидени. Секако има и многу паметни и луѓе на место, но поголемиот дел се…

Најаки ми се со протестите, со шаторите, со контрапротестите. Ги тераат на протести да одат и овие со цел памет одат. Епа ако ова не е светско чудо, не знам шо е.

Да не ги именувам, ама стварно има многу смешни личности, односно она шо беа Тошо Малерот, Миле Паника и Цацко, сега можете да ги видите во реалниот живот. Ај ќе речеш К-15 беа вистински херои во хуморот, ама овие се стварно живи смешки во реалноста, во штабовите нивни, во непостоечките функции(лајкувач на фејсбук). Инаку оваа е една од најбитните функции во една модерна македонска партија ”Лајкувач на Фејсбук”.  Епа лајкувајте колку сакате, но лајковите не ви се гласови, лајковите се бесплатни, па нема да ви донесат подобро утре.

Нејќам да коментирам на вакви теми, но само сакам да си ја пуштам химната македонска, но Македонија да биде како што се пее … Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата, а не и во 21 век Македонците да се борат за своите правдини, од своите сограѓани!!!

Ќе речеш кога е создавана химнава, други времиња биле, немодерни како сега. Дали ние Македонците, ќе се водиме цело време по стиховите на химнава, цело време да бараме слобода, цело време да се бориме? Дали некогаш Македонија ќе биде Македонија?

И ако памтите, лани нашите рапери од Саф правеа 15 години јубилеј на Скопски саем, а на тој јубилеј се пееше и мојата омилена песна од нив Скопска ситуација 1998, они за време на концертот ја пееја ”Скопска ситуација 2015”, но јас мислам дека си останува ”Скопска ситуација и 2016 година”.

Инаку, сите станаа блогери, па решив и јас да си пишувам на различни теми, вечерва ме испровоцираа, дека ќе има избори, односно дека ќе нема избори(хахаха), па си направив една фан страница на Фејсбук, па што ќе си пишувам ќе објавувам таму. Па ако сакате да ме следите и ако не ви е тешко удрете ми еден лајк и јас да се осеќам малку партиски популарен. Инаку пишувам шо мислам, шо сум видел, шо сум слушнал, шо ми се случувало и шо ми текне.

Почитувани, доколку мислите дека е во ред текстов, ве замолувам да го објавите на вашиот портал. Однапред ви благодарам, Happy Man

Прегледи:
727
Објавено на:
07.04.2016