Категории

Дали опасноста од промаја е само балкански мит?

Ако се обидете на Интернет да пронајдете текст за последиците од промаја ќе ви се отворат исклучиво алтернативни страници за киропрактичари, акупунктура и слично. Тешко дека ќе најдете некој сериозен медицински магазин кој се занимава со промајата.

Професор доктор Симеон Грацио и уредник на магазинот „Физикална и рехабилитациска медицина“ има објаснување зошто е тоа така:

„Нема научни докази дека постои последнична врска меѓу промајата и болките во грбот, вратот и слично. Некои луѓе може да го тврдат спротивното врз основа на лични искуства, меѓутоа кога зборуваме за медицина заснована на докази тука има најнизок степен на докажување. Во стручните магазини може да се објават статии , како приказ на случаи, но тоа е премал број на таканаречени докази за да може да се зборува за причинско-последична врска“.
Може ли да настинеме од промаја?

Ако им веруваме на експертите, промајата нема да предизвика главоболки, воспаление на мозкот и слично. Но, можеби има малку вистина во тоа дека човек на промаја може да настине или евентуално да добие воспаление на белите дробови?

Примариус доктор Рок Чивљак вели дека ни тој мит не е точен:

„Промајата дефинитнвно не предизвикува заразни болести. Настинката ја предизвикуваат вируси, а тоа нема врска со промајата. Тоа се коси со сите начела на нашата струка. Можеби промајата ќе ги разнесе вирусите од тлото и така ќе го контаминира воздухот, но никогаш не сум слушнал дека постојат научни докази за тоа. Може само да се погодува“.

1 2

Прегледи:
1825
Објавено на:
19.03.2016