Категории

Дали повеќе преферирате чај или кафе зависи од вашите гени

Зошто повеќе сакаме кафе или чај? Нашиот вкус е делумно одреден со “генетиката”, покажува една австралиска студија.

Кафето и чајот се генерално горчливи, бидејќи содржат кофеин. Во студијата е откривено дека оние луѓе кои се почувствителни на горчливиот вкус на кафето (парадоксално) најмногу го консумираат. На перцепцијата на вкусот, исто така, влијае и нашата гледна точка. Луѓето, кои се помалку чувствителни на горчливиот вкус, полесно ќе научат да уживаат во горчината на горчливата храна.

Студијата е базирана врз генетските податоци од околу 438.000 Британци кои учествувале во студијата. Авторите, исто така, тврдат дека истото не е применливо за другите земји и култури.

Прегледи:
479
Објавено на:
18.12.2018