Категории

Дали вашиот партнер е љубовта на вашиот живот?

Ако се прашувате дали вашиот партнер е љубовта на вашиот живот, прочитајте ја оваа статија.

„Тој не е совршен. Не си ни ти. Ниту вие двајца ќе бидете совршени. Но, ако тој може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислуваш барем два пати и ако признае дека е човек кој греши, не го пуштај и дај му сè од себе. Нема да ти рецитира поезија, нема да мисли на тебе во секој момент, но ќе ти даде дел од себе свесен дека ти можеш да го уништиш. Не го повредувај, ниту не го менувај и не очекувај повеќе од она што може да ти даде. Смеј се кога те усреќува, викај му кога те лути и нека ти недостасува кога не е во близина.“- изјавил Боб Марли.


Во почетната фаза од врската, кога заљубеност е во полн ек, се изгледа совршено. Но, што се случува кога ќе помине одреден период? Кога веќе не гледаме низ призмата на розовите наочари?
Се прашувате дали е вистинскиот човек за вас? Прочитајте ги знаците кои ќе ви откријат дали сте го направиле вистинскиот избор.

Вие сте „број еден“
И тоа не само опција. Чувствувате дека ве третира како да има освоено лотарија! Вашата среќа е негов приоритет. Ви посветува многу внимание и време. Нема потреба да толерирате делење на времето помеѓу различни луѓе. За него, вие сте „број еден“, а после вас се сите други. Вашите потреби му се најважни и секогаш е покрај вас кога ви е потребен.

Се разбирате без зборови
Вистинската комуникација не бара зборови. Дали ви се случило истата работа да ја кажете во исто време? И не постои таква работа каква што е незгодната тишина.

Хемијата лебди во воздухот
Постојат искри помеѓу вас цело време, а не само во сексуалната сфера. Чувствувате хемија кога се работи за вашите заеднички интереси и трошењето на времето. Едноставно нешто ве привлекува да бидете заедно 24/7.

Имате заеднички цели
Ништо не ги зближува двајца луѓе колку гледањето во иднината во ист правец. Има одредени работи за кои мора да сте сигурни дека размислувате на ист начин. И не само бројот на деца или религијата, туку и помали работи кои се дел од заедничкиот секојдневен живот.

Добра енергија и доверба
Се чувствувате пријатно во друштво со својот партнер и имате доверба во него. Можете отворено да кажете што мислите и не се плашите од одговорот. Неговото присуство потикнува позитивни вибрации кај вас и ви дава енергија.