Категории

Дали ве привлекуваат СТРАНЦИ? – Еве што открива тоа за вашиот карактер

Длабокитe желби кои можат да ве одведат во неистражени предели

Чувствувате дека во љубовниот занес ви е потребна различност, возбуда и страст? Тогаш многу веројатно е дека вие сте една од личностите која ја привлекуваат мажи од различна култура. Не грижете се, овој податок воопшто не е разочарувачките, затоа што тоа може да ве однесе на неистражени места на кои ќе го запознаете и ќе го пронајдете сопствениот карактер.
Дека спротивностите се привлекуваат, зборува податокот дека дури 65% од врските на луѓе од различна националност биле крунисани со брак. Секоја неистражена ситуација во животот може да претставува предизвик, така кога ќе ја запознаете личност од друга националност, а таа ве освојува на некој специфичен начин на кој не сте навикнати од своите сонародници.
Ви вели „те сакам“ на префинет јазик, кој погодува право во целта.

Истражувањата велат дека англичаните се најдобри љубовници, италијаните се вистински џентлмени, додека швеѓаните се најгалантни па ретко кој може да им одолее.
Исто така мултикултурноста во која се наоѓате момже позитивно да влијае врз вашата отвореност спрема луѓето, прифаќањето на другите обичаи, истражувањето на нови места кои за вас биле еднакво на имагинарни.

Доколку себеси можете да се видите исклучиво со странец еве што зборува тоа за вашиот карактер.
-Вие сте екстровертна особа која плени со позитивна енергија
-Ве изморуваат веќе видените нешта и преовладува вашиот истражувачки дух
-Вие сте роден авантурист и спремни сте својот живот да го исполните со интересни ситуации
-Вие сте личност со широки сфаќања која сака да ја запознае секоја различност и културна вредност
-Тежнеете да зборувате што повеќе јазици, и копнеете да го откриете „неистраженото“
-Жеднеете за падувања и промена на животниот простор, затоа што цел живот поминат на една локација за вас не поседува мотивациона моќ.

Прегледи:
366
Објавено на:
07.10.2019