Чек дис аут
Search

Дали знаевте дека музиката го подобрува расположението и здравјето на срцето?

Дали знаевте дека музиката, не само што го подобрува расположението, туку и здравјето на срцето?


Музиката активира многу региони во мозокот, вклучувајќи ги и оние за движење, јазик, внимание, меморија и емоции. Не постои стимул кој истовремено влијае на толку широк спектар на области во мозокот како музиката. Оваа глобална активација се случува кога слушаме музика, свириме инструмент или пееме.

Музиката може да ја промени хемијата во мозокот, а овие промени можат да бидат корисни и за срцето. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои слушаат музика можат подолго да вежбаат, да ја подобрат функцијата на крвните садови, срцевиот ритам и сл. Музиката, исто така, може да ја намали анксиозноста кај луѓето кои преживеале срцев удар и операција на срцето. Слушање или создавање на музика поттикнува лачење на допамин, хемиска супстанца во мозокот која ги мотивира луѓето.


Обработка на звук започнува во мозочните клетки кои, исто така, го контролираат срцевиот ритам и дишењето. Поради ова релаксирачка музика го успорува пулсот, дишењето и притисокот.




Коментари

[fbcomments]