Категории

ДЕДО, КОГА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ЧУКА ОВА СРЦЕ МОЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ ТАМУ ГОРЕ!

И небото плачеше таа ноќ, а со него и јас. Ме болеше многу.

И повеќе од очекуваното, болката ми ја распаруваше душата и секој дел од тебе го сместуваше во неа.

Помниш, ми велеше дека се заздравува со текот на времето. Но, не заздрави таа ноќ, не заздрави ниту другата, ниту пак оваа.

Секоја ден се прашувам дали ме гледаш таму од ѕвездите, дали и ти плачеш заедно со мене, дали ти недостасувам.

Секоја вечер кога половина свет спие, ќе се стуткам во едно ќоше и ќе почнам да размислувам за тебе.

Ќе ми се насолзат очите, ќе почне да се тркала една солза по моето лице, па другата, третата и се така по ред, додека не направам океан од солзи.

Се сеќавам убаво, кога ќе паднев секогаш тебе те викав. Ајде дојди сега, дојди и излечија душава дедо. Можеш ли?

Кога бев со тебе знаев што е среќа, сега знам што е тага. Ми кажуваше дека се се заборава.

Ме лажеше, најмил дедо. Кога те имав тебе имав живот, сега и тоа го немам.

Останаа само болните спомени и солзите откако небото ми те зема.

Знам не можам да те вратам, не можам. Колку и да сакам. Ќе се видиме еден ден, кога ќе престане да чука ова срце мое. Се гледаме таму горе!

Јулија Т.

Прегледи:
2099
Ознаки:
· ·
Категории:
Дом и семејство
Објавено на:
11.01.2016