Категории

Денес е Света Петка: Штити од болести и несреќи, а овие работи не треба да ги правите денес!

Денес се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка. Православните верници ја слават Света Петка или Црна Света Петка, зошто веруваат дека оваа светица е заштитничка на сиромашните, штити од разни несреќи, но и од многу болести.

Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Споменот на “Света Преподобна Петка – Параскева Трновска ” се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил, или на 27-ми октомври по нов стил.

Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.

-Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил.Таа загинала со маченичка смрт,исечена е за време на царот Антонио Пиј,па затоа правилно се нарекува “Света маченица Петка-Параскева Римјанка”.

-Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Таа исто како и првата маченички загинала за време на царот Диоклецијан.Нејзиниот спомен се празнува на 27-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.Нејзиното целосно име гласи вака “Света маченица Петка-Параскева Иконијска”.

Овие две светици се маченици додека “Света Петка-Трновска” е преподобна.

Прегледи:
581
Објавено на:
27.10.2019