Категории

Дерматологот на Анџелина Џоли открива која е тајната на нејзината блескава кожа

Актерката Анџелина Џоли целиот свој живот е верна на една жена – дерматологот чиј идентитет го откри неодамна. „Мајка ми ме одведе кај неа кога бев мала и од тогаш не ја менувам“, раскажала актерката.

Природност

Анџелина има природно убава кожа. Таа има среќа бидејќи од својата мајка го наследила убавиот тен. Отсекогаш била природна убавица, па затоа немала потреба да води претерана грижа за својата кожа. Сега редовно користи крема со заштитен фактор, нежен тоник за чистење на лицето, антиоксиданси и природни производи. Тоа е се.

Кога патува, Анџелина секогаш носи крема за лице со заштитен фактор која е направена од нејзината докторка.

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolieofficial) on


Третмани

Единствен третман, освен чистењето, кој го прави ѕвездата е ласерското отстранување на флеки од сонце.

„Анџелина се соочи со менопаузата малку порано, а во тој период од клучно значење се покажала нејзината рутина во третманите за убавина. Дури и низ промените кои ги наметнува тој период од животот кај секоја жена, важно е кожата да остане негувана и да користи квалитетни производи како што се антиоксидансите, ретинолот.