Категории

Десерт на денот: Торта во чиј вкус ќе се заљубите! (РЕЦЕПТ)

Доколку сакате да приготвите некој вкусен десерт, ова е вистинскиот избор.

Состојки за подлогата:

  • 200 г брашно
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 75 г шеќер
  • 1 јајце
  • 100 г путер

Состојки за фил од вишна:

  • 720 г вишни
  • 25 г густин
  • 2-3 лажички шеќер

Состојки за филот од сирење:

  • 4 јајца
  • 400 г свежо сирење
  • 300 г кисела павлака
  • 125 г шеќер
  • 50 г скробно брашно
  • кора од 1 лимон
  • 125 мл млеко

Состојки за чоколаден прелив:

  • 250 г млечно чоколадо
  • 200 мл слатка павлака
  • 50 г путер

Подготовка:

За тестото помешајте ги сите состојки. Растегнете го и исечете круг за калап од 26 цм. Со остатокот обложете ги ивиците на плехот. Вишните и шеќерот ставете ги на шпорет, па со малку сок кој сте го одвоиле разматете го густинот.Кога ќе зоврие додадете го густинот на вишните и варете додека не стане густо и прозирно. Ладете го додека не стане млако, а потоа премачкајте го тестото во плехот. За филот од сирење најпрво изматете ги белките со шеќер. Останатите состојки ставете ги во друг сад и нив измешајте ги. Додадете ја масата од сирењето на белките, и добро изматете. Прелијте на вишните и ставете да се пече на 180 °C околу час и 10 минути.

Тортата ставете ја да се олади и потоа ставете ја во фрижидер неколку часа. Кога ќе се олади подгответе го преливот од чоколадо и слатката павлака на пареа, кога ќе се растопи измешајте го путерот, малку оладете и прелијте ја тортата. Оладете ја во фрижидер и потоа тортата е подготвена за сервирање.