Кога сте родители, за одењето на плажа потребни се повеќе нешта од пешкир, вода и крема за сончање. Одењето на одмор со деца е комплицирано и потребно е да понесете повеќе работи со вас.
Ова се список со чија помош ќе се подготвите за неколку часа за одморот на море со вашите деца:
– пешкири (за лежење и бришење)
– резервен костим за капење
– резервна облека
– сандали за плажа и вода
– пелени за вода
– шешир
– вода, чај или сок
– крема за сончање
– овошје, кекс или грисини
– влажни марамчиња, пелени, крема
– играчки (кантичка, лопата, топка)