Жолтата боја е една од најсилните бои во спектарот. Моќните и топли нијанси се многу впечатливи и поради тоа можат да бидат интересен украс во вашиот дом.
Ако сакате да го освежите домот со жолти детали ви нудиме неколку предлози со кои ќе добиете инстант освежување.
# Спална соба
Спалната е идеална за игра со бои, а сето тоа може да се случува на вашиот кревет. Пронајдете еднобојна жолта постелнина или пак украсена со дезен и ќе добиете инстант освежување.
# Бања
Детали во жолта боја се одличен начин за освежување на просторот. Жолт тепих, вазна со жолти свеќници или жолти држачи за четки за заби и сапун се одличен избор.
1 2