# Дневна соба
И дневната соба е идеална за игра со жолтата боја. Украсете ја софата со неколку жолти перничиња, на полиците ставете жолта лампа или вазна и просторот ќе изгледа поубаво и посвежо.
# Кујна
Искористете ги елементите од кујната за игра со жолта боја, но само во детали. Облепете некоја фиока или вратичка со самолеплива фолија во жолта боја. Ист ефект имаат и жолти чинии и шолји.
# Трпезарија
Со завеси во жолта боја ќе ги внесете сончевите зраци во трпезаријата. Ист ефект има и чаршав за маса кој може да биде еднобоен или прошаран со некој дезен.
1 2