Категории

Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, не од таткото

Истражувачи од Глазгов откриле дека генетскиот профил на мајката најверојатно најмногу влијае во одредувањето на интелигенцијата на нејзините деца и дека таткото можеби нема влијание врз тоа.

 

Поверојатно е дека жената ќе го пренесе генот на интелигенцијата кај детето по пат на X хромозмот. Освен тоа, научниците веруваат дека гените за напредните когнитивни фукции кои се наследуваат од таткото можат автоматски да се деактивираат.

Лабораториските студии користејќи генетски модифицирани глувци откриле дека тие кои се со поголема количина на гени од мајката развиле поголема глава и мозок, а помали тела. Оние со поголема количина на гени од таткото имале помали мозоци а поголеми тела.

Истражувачите идентификувале клетки кои содржат само гени од мајката и клетки кои содржат само таткови гени во шест различни делови во мозокот на глувците, кои контролираат различни когнитивни функции, од навиката за исхрана до помнењето.

Клетките со таткови гени се насобрале во деловите на лимбичниот систем кој учествува во функциите како што се секс, храна и агресија. Но, истражувачите не пронашле таткови клетки во церебралниот кортекс, местото каде што се наоѓаат најнапредините когнитивни функции, како што се способноста за носење заклучоци, радост, говор и планирање.

 

Истражувачите откриле дека теоријта која е добиена преку ова истражување врз глувците е релевантно, кога интервјуирале 12.686 луѓе кои имаат помеѓу 14 и 22 години, секоја година од 1994 година до денес.

Покрај тоа што земале в обзир неколку фактори, од степенот на образование до нивната раса и општествено-економскиот статус, сепак откриле дека коефициентот на интелигенција на мајката е најдобар предвидувач за интелектот на детето.

Ова истражување докажало и дека генетиката не е единствениот фактор кој влијае врз интелигенцијата – се смета дека само 40 до 60 отсто од интелигенцијата е наследна, а на останатиот дел влијае опкружувањето.

Исто така, мајката има исклучително важна улога во негенетскиот дел на интелигенцијата, а некои поединечнии студии сугерираат на тоа дека поврзаноста на мајката и детето е блиску поврзана и со интелигенцијата.

Секако, улогата на таткото во развојот на интелигенцијата не треба да се занемари, земајќи предвид цела низа на други фактори како што се интуицијата и емоцијата кои децата можат да ги наследат од татковците, а така влијаат врз развојот на интелигенцијата.

 

 

Прегледи:
488
Објавено на:
03.11.2017