Во спортот и спортските активности има место за сите оние кои имаат желба да спортуваат и да се забавуваат, без разлика на возраста, полот, менталната и физичката способност.
За таа цел, дел од Европската недела на спортот се и децата со Даунов синдром кои со големо воодушевување уживаа во спортските активности организирани во Спортскиот Центар Борис Трајковски.
Секој живот вреди подеднакво и затоа од исклучително значење е потребата сите да ги уживаме истите права и убавини во животот. Поинаков не значи и помалку способен, послаб, понесреќен. Токму убавината во различностите, беше повод за едно прекрасно дружење и уживање во спортските активности со децата со Даунов синдром.
Како што веќе напоменавме, во претстојниот период Европската недела на спортот подготвува уште многу настани кои ќе ги опфатат интересите на сите граѓани кои ќе можат да земат учество во нив. Она што е особено интересно во наредните денови се отворените денови за пливање со најдобрите професионални македонски пливачи, кои ќе се одржат во Вип пливачкиот базен на СЦ Борис Трајковски на 27. и 28. септември од 18 до 20 часот! Летото се уште трае во нашиот град, па затоа изберете ја оваа активност за вистинско разладување и релаксирање.
Настаните во Европската недела на спортот се пример дека во светот на различности, каде што секојдневно се повеќе се бориме за еднаквоста во секоја сфера, доколку си поинаков можеш да се избориш да бидеш еднаков со другите!
Погледнете како изгледаше ова забавно дружење!