Пејачот Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин преку своите објави на Инстаграм ставија точка на повеќенеделните шпекулации за нивната венчавка.
Канадскиот пејач на Инстаграм објавил фотографија со 21- годишната манекенка како се држат за раце и напишал: „Мојата сопруга е феноменална“. Хејли потоа го променила своето презиме со неговото на нејзиниот Инстаграм профил.
Овој пар се вери летово на Бахамите по едномесечна врска. Бибер (24) таа вест ја објави на Инстаграм. Гејли Болдвин е ќерка на американскиот актер Стивен Болдвин.